27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Бензините поевтинуваат за 3 денари, дизелот за 2,5

Од ноќеска на полноќ цените на бензините ќе се намалат за три денари, а цената на дизелот за 2,5 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за три денари за литар и ќе изнесуваат 64 денари за литар за ЕУРОСУПЕР БС-95 и 66 денари за литар за ЕУРОСУПЕР БС-98.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,5 денари за литар и од ноќеска на полноќ малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 56 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) на полноќ ќе изнесува 45 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,175 денари на 30,390 денари за килограм.