14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче: Резултатите на двајцата пациенти се негативни на коронавирус

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во денешната изјава за медиумите истакна дека единствената пациентка којашто е позитивна на коронавирус е во добра општа здравствена состојба и се лекува на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

„Единствената пациентка којашто се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба. Веќе втор ден нема температура, претпоставувам дека многу скоро ќе почне и закрепнувањето. Негативен е резултатот на возачот, којшто го управувал комбето, во кое патувала пациентката којашто се лечи на инфективната клиника. Поради секоја можна варијанта тој и понатаму ќе остане во домашна изолација, во текот на следните денови, се до четиринаесеттиот ден, кога завршува периодот на инкубација, а потоа лекарите специјалисти, инфектолози, епидемиолози ќе одлучат дали и повторно ќе се тестира“, потенцираше министерот Филипче.

Во изјавата, министерот Филипче потенцираше дека се негативни резултатите и на пациентот кој вчера заедно со девојката побегнале од штипската болница.

„Исто така е негативен тестот на пациентот кој со симптоми се јавил преку виничкиот здравствен дом на инфективното одделение во штипската болница“, рече министерот Филипче и додаде дека утрово разговарал со конзулот, нема податоци дека има заболени наши државјани, ниту пак наши државјани кои се во карантин и кои живеат во регионот на Северна Италија.

„Нема простор за паника. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство за заштита од корона вирус“, додаде тој.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.