25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири неоснована паника, ситуацијата е под контрола“

Најдобрата помош што може да ја даде ВМРО-ДПМНЕ е да престане да шири и предизвикува неоснован страв и паника меѓу граѓаните, реагираат од СДСМ на прес- конференција на Дафина Стојаноска од ВМРО- ДПМНЕ.

„Ситуацијата е под контрола, откако вчера беше потврдени првиот случај на лице заразено со корона вирус во земјата, институциите се подготвени за брза реакција и ги презмеаат сите неопходни мерки согласно меѓународните протоколи.

Додека сите институции се ставени во функција за справување со Ковид-19 вирусот, ВМРО-ДПМНЕ во препознатлив стил се обидува преку лаги и конструкции да добие ситно дневно политички поени.

Граѓаните, вклучувајќи го тука ВМРО-ДПМНЕ треба да ги почитуваат препораките на министерството за здравство, да се однесуваат одговорно и да не шират дефетизам и паника.“ – се вели во реакцијата.