Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во комбе кај Штип пронајдени 40 мигранти

Синоќа на магистралниот пат Штип – Радовиш полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило комби „пежо“ со велешки регистарски ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење кон Штип.

Во близина на селото Лакавица запрел и при преглед во возилото биле пронајдени 40 лица – мигранти, а возачот З.Б.(39) од Велес бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип за понатамошна постапка, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава./Makfax

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК