Прес- конференција, Јован Митрески, пратеник на СДСМ – интегрален текст
Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија на дело покажа дека знае како да работи и знае како да обезбеди подобар животен стандард за граѓаните.
За само 2.5 години ја стабилизиравме економијата, отворивме нови работни места со што ја намаливме невработеноста и овозможивме унапредување на животниот стандард на граѓаните.
Имаме визија и знаеме како од Република Северна Македонија да направиме развојна и просперитетна држава.
Преку отворање на 60.000 нови работни места обезбедивме посигурна иднина на 60.000 нововработени граѓани и на нивните семејства.
Постигнавме рекорден пад на невработеноста на 17.1 отсто, а стапката на невработеноста на младите падна на 35,3 проценти.
Ова е најниска стапка на невработеност досега.
Преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот, кој годинава очекуваме да вклучи 12.000 невработени лица, ќе создадеме клима за отворање нови работни места.
За Оперативниот план за вработување во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, особено во информатичката технологија, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади.
Досегашното искуство покажа дека самовработувањето преку стартување на микро бизниси е одржливо, бидејќи 93% од компаниите формирани со помош на оваа мерка во 2017 година активно работат, како и 99% од компаниите формирани во 2018 година.
Македонската економија оваа година очекуваме да се унапреди со отворање на нови 1.364 микро бизниси, за кои се издвоени 447 милиони денари.
Во моментов мерката за самовработување е отворена и само за една недела има доставено 1200 апликации.
Оперативните мерки и во 2020 предвидуваат обуки и доквалификации и за дефицитарни занимања, за да им се излезе во пресрет на потребите на пазарот на трудот, со нив е планирано да се опфатат 3.224 лица.
Гаранцијата за млади се покажа како успешен проект, вокој се вклучија над 18.000 лица, од кои 35% се стекнале со практиканство, обука или биле вработени.
Тоа е повисока реализација и од европскиот просек на оваа мерка кој изнесува 33 отсто.
Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат нови и добро платени работни места и повисоки плати за работниците. За СДСМ секој граѓанин е важен!
На прав пат сме!