24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Лицемерие на максимум: Обвинетата ВМРО ДПМНЕ за нелегално финансирање, ќе протестира за правда

На протест денеска ќе излезе ВМРО-ДПМНЕ, партија која официјално како правно лице е обвинета во случајот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство за недозволиво финансирање, по одобрувањето од Советот за оценка на обвинителен акт при Одделението за гонење организиран криминал и корупција при скопскиот Кривичен суд.

– Советот за оценка на обвинителен акт при Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по оценка на обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите во предметот од обвинителството означен како „Талир“ за незаконско финансирање на правно лице – политичка партија, по одржана јавна седница во присуство на странките, донесе решение со кое обвинителниот акт го одобри во целост, соопшти на 11 јануари 2019 година, Кривичниот суд.

Покрај ВМРО-ДПМНЕ, за незаконско финансирање обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски и Леко Ристоски.

Елизабета Чингаровска веќе ја призна вината во случајот „Талир” и се спогоди со Специјалното јавно обвинителство за двегодишна условна казна.

Обвинителството го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи го и централното седиште – палатата Христо Татарчев. Месните организации на партијата од 2009 до 2015-та овозможиле перење пари, со внесување пари на партиската сметка преку готовински уплати како лични уплати, соопштија тогаш од СЈО.

Обвинетата ВМРО ДПМНЕ денес на протест
Лидерот на обвинетата ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со членството, кое доаѓа со автобуси од внатрешноста на Македонија ќе демонстрираат за правда.

Протестот ќе започне од пред Јавното обвинителство, па се до Врховниот суд.

Според аналитичарите ова е еклакантен пример за притисок врз обвинителството, со оглед дека партијата е обвинета и треба да ја докажува својата невиност во судница, а не преку демонстрации.

Познавачите потсетуваат дека демонстрантите кои денес ќе одадат поддршка на протестот на ВМРО ДПМНЕ се ставаат во улога во одбрана на обвинетата ВМРО ДПМНЕ, за претстојното судење кое со новиот закон за јавно обвинителство може да почне сега и веднаш.