Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Трагедија го потресе Арачиново: Младо момче загина во тешка сообраќајка, друго е повредено

Попладнево околу 13 часот, тешка сообраќајка помеѓу ауди и мотор јамаха се случила во Арачиново.

Според информации на Centar.mk автомобил марка ауди а4 се судрил со моторот на кој биле две млади момчиња, при што момчето што го управувало моторот загина, а сопатникот е тешко повреден.

Според информации на Centar.mk мотоциклот бил управуван од Х.Б. од Арачиново, на возраст од 22 години кој починал во болницата Свети Наум Охридски во Скопје, додека сопатникот А.С. кој бил на возраст од 26 години итно е пренесен во клиниката Мајка Тереза, каде што според неофицијални информации му се констатирани тешки повреди.

Повеќе детали за трагедијата се очекуваат наскоро.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК