Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против непознат сторител за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „загрозување на сигурноста“.
На 11.02.2020 во Полициската станица Кичево било пријавено дека се слушнала експлозија и настанал пожар во помошен објект во дворното место на В.С.(59) од Кичево.
Увид извршиле Јавен обвинител од ОЈО Кичево, Полициската станица Кичево и Сектор за антитероризам – МВР.