Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска порача дека носењето на Законот за јавно обвинителство е уште еден темел на неселективна правда.
-Почитувани граѓани, Успеавме. Ставиваме уште еден темел на неселктивна правда. Правда и борба против криминалот и корупцијата. За тоа се боревме. Презедовме чекори кон силна и правна држава, доаѓа правда. Им честитам на сите 80 пратеници, ги победија притисоците и гласаа за. Мнозинството во Парламентот постигна победа врз криминалното раковоство на ВМРО-ДПМНЕ. Со овој закон загарантирана е правна разрешница на сите предмети почнати од СЈО. На обвининетите ќе им се суди со докази кои без обезбедни во долги постапки, а индиции беа бомбите.
ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за правна држава, тие се единствените кои беа против правдата. Белиот дворец преку раководстовто на ВМОР-ДПМНЕ е се уште криминалацот Никола Груевски. Мицкоски направи се за да спречи да се донесе законот и да го заштити Груевски, но не успеа, рече Заев.