Изјава за медиуми- Дарко Каевски, претседател на СДММ – интегрален текст:
СДСМ посветено и континуирано работи на подобрување и унапредување на студентскиот стандард.
Блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се реновирани и пуштени во употреба, со што најголемиот студентски дом во државата е целосно обновен.
Блоковите се реновирани по современи стандарди и овозможуваат идеални услови за живеење на студентите.
Покрај реновираните соби, пренаменети се помошните заеднички простории во простории за рекреативни активности.
Во овие два блока се инвестирани 2,7 милиона евра – 2,3 милиона евра за реновирање и модернизација и околу 400.000 евра за мебел и санитарии.
Со реновирањето, студентскиот дом „Гоце Делчев“, кој има капацитет од 1.200 студенти станува и енергетски ефикасен.
Енергетски ефикасна ќе биде и зградата на домот „Кузман Јосифовски-Питу“.
Во крајна фаза е проектот за студентскиот комплекс „Стив Наумов“, каде што целосно ќе се реновираат зградата 1 и зградата 2.
Минатата година е потпишан договор за реновирање на седум студентски домови и тоа во Битола, Охрид, Штип Прилеп и во Скопје. Проектот вреден 25 милиони евра, почнува оваа година, а ќе се финализира 2024.
СДСМ инвестира во подобрување на студентскиот стандард и креира и реализира квалитетни младински мерки што го подобруваат животниот стандард на младите.
Со тоа покажуваме дека сме на прав пат сме!