27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Усје не работи, загадувањето во Скопје и пак е високо

Од минатата ноќ во Скопје п.м.10 честитки, од воздухот во Скопје е повторно загаден.

Мерните станици во моментов во Лисиче покажуваат 137 микрограми на метар кубен, во Центар 113. Осцилации се забележани и во претходните денови.

Со оглед на тоа дека УСЈЕ веќе неколку дена не работи, скопјани остануваат без одговор од каде волкаво загадување во нивниот град. Високи концентрации на п.м. 10 честички се регистрирани и во другите градови во земјава.

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека мобилната мерна станица поставена во општина Ѓорче Петров е во функција, односно се мерат загадувачките супстанци SO2, NO-NOx-NO2, CO и О3. Единствено, поради технички проблем, на 23.12.2019 година е исклучен инструментот за симултано мерење на РМ10 и РМ2.5 и од тогаш не е во функција.

Моментално, во тек е процедура за објавување на тендер за набавка на резервни делови, меѓу кои и неопходниот дел за посочениот инструмент. Со набавка на резервните делови, инструментот ќе се сервисира и калибрира, а потоа ќе биде вклучен во системот, а податоците од мерењата од овој инструмент ќе бидат јавно достапни на веб страницата за квалитет на воздухот http://air.moepp.gov.mk .

Собранието го забрани увозот на отпад кој се користи како извор на енергија. Во Законот забрането е увоз на отпад за складирање заради отстранување и за отстранување и увоз на опасен отпад што е измешан со неопасен отпад или со други компоненти кои ја намалуваат штетноста и опасните карактеристики на отпадот.

Фирмата „ДЕКО“ која до скоро извезуваше РДФ-отпад и за потребите на цементарница „УСЈЕ“ во Скопје. Резултатите од мострите земени на граница и испратени на проверка во Естонија, покажале дека не се работи за опасен отпад. Испраќачите оттука велат дека гарантираат за секоја пратка. Еве зошто.

Камионите со комунален отпад поминуваат на проверка за радиоактивност уште не влез во фирмата. Откако ќе добијат зелено светло, отпадот се депонира во огромна јама и почнува процесот на автоматска преработка. 370 000 тони комунален отпад од регионот годишно завршуваат во „Деко“. Ѓубрето се растресува, се дроби и уште еднаш се проверува содржината. Дел оди на компостирање, дел завршува на депонија, а она што може да се спаси и да стане алтернативно гориво или РДФ поминува преку комплексен биолошки третман.