Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ со „Луј Витон“ торба на собраниска говорница

Пратеничката Дафина Стојановска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на говорницата во Собранието, каде тече расправата за предлог законот за јавното обвинителство, излезе со чанта Луј Витон.

Стојановска на говорницата посочи дека тоа е лажна чанта со лажни банкноти, а вистинската треба да се пронајде каде завршила.

На ова реагираше Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ преку социјалната мрежа фесјбук:
-Ви реков јас дека торбата завршила кај дпмне. Законот за ЈО убеден сум дека ќе помине и бандитите од дпмне ќе си завршат во затвор, напиша Костадинов.

Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека од 18.00 до 19.00 часот ќе трае паузата од расправата за предлог законот за јавното обвинителство, а по 19.00 часот ќе продолжи и ќе трае без прекин додека Парламентот не биде распуштен.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК