Одделението за внатрешни работи Кичево, на 13.02.2020 презеде мерки, од слобода лиши и приведе девет лица од Кичево, одзеде две товарни моторни возила и шест коњи натоварени со нежигосано огревно дабово дрво, две моторни пили и друг алат и прибор.
Мерките се преземени на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, како и во шумскиот појас кај кичевското село Челопетци. Дрвната маса е одземена и предадена на Шумската полиција и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.