25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Исплата на бонус-плата во МВР

Македонскиот полициски синдикат ги известува своите членови, вработени во Министерството за внатрешни работи, дека денеска на сметките на околу 5.000 колеги, кои ги исполнуваат условите за исплата на бонус-платата за 2019 година, ќе им легнат средства во износ од околу 25,066.00 денари, колку и што изнесува една просечна плата исплатена на ниво на Република Северна Македонија.

„Како што ве информиравме и во изминатиот период, право за добивање бонус-плата во висина од една просечна плата на републиката, согласно член 117став 4 од Законот за работни односи, имаат сите вработени во МВР кои работеле 150 часа подолго од полното работно време, а во текот на годината не отсуствувале од работа повеќе од 21 ден.

Истовремено како репрезентативен синдикат во рамките на МВР кој во изминатиот период преговараше со работодавецот да се почне со исплата на бонус-плата, право кое е загарантирано со Законот за работни односи и Колективниот договор на МВР и, донесен и потпишан од МПС и МВР, сакаме да изразиме голема благодарност до сите чинители во МВР и во МПС кои изминатиот период работеа на решавање на овој проблем и започнување на исплата, а посебна благодарност до Оливер Спасовски со кого како министер за внатрешни работи го постигнавме договорот.

Како Македонскиот полициски синдикат искрено веруваме и цврсто стоиме на ставот дека процесот за исплата на бонус-платата во иднина ќе продолжи како тековна активност, со планирање финансиски средства во буџетот по овој основ, но и сите други права и основи кои како синдикат и работодавец сме ги предвиделе и нотирале во Колективниот договор на МВР. Процес кој ќе резултира на сведување до минимум покренувањето на судски постапки по овој основ што резултираат со испумпумпување на енормно голема сума парични средства од буџетот на МВР од кој, за жал, најголемиот процент легнаа на сметките на адвокатите и извршители, народни пари кои се и тоа како неопходни за нормално функционирање на Министерството за внатрешни работи. Пресметките кажуваат дека со овие средствва зачително ќе се подобри статусот на вработените преку домаќинско работење и обезбедување подобри услови за работа и матријално-технички средства за вработените“, соопшти полицискиот синдикат.