Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Советник на ВМРО ДПМНЕ: Насоките за протестите во Центар ги добивав од видни партиски членови

Поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски и ексминистерот Миле Јанакиески давале насоки што да прават советниците од ВМРО-ДПМНЕ на денот на насилствата во Општината Центар во јуни 2013та. Советникот Томислав Лазаров кој доби условна казна за овој случај откако призна вина, денеска сведочеше дека Божиновски побарал што помасовно да соберат партиски членови за протестите, а на насобраните да им се каже дека наводно се планира уривање на црквата СВ Константин и Елена, објави Алсат.

„Партиски членови ми кажаа дека се формирало здружение ‘Веритас’, кое ќе организира протести за одбрана од уривање на црквата. Ме викна Божиновски, на состанокот беа сите општински комитети на ВМРО ДПМНЕ на територија на Скопје. Беа дадени насоки да се информира членството дека на тој и тој датум ќе има протест пред споменикот на Мајка Тереза во Центар. Не се спомнуваше насилие“, изјави Лазаров.

Внатре на седницата биле задолжени да прават се за да не се усвои дневниот ред со 4 за нив спорни точки кои се однесувале на промена на детални урбанистички планови.

„Божиновски ми даде насока да извадам книга и да ја читам за да помине време. Земи збор и читај ја Зоки Поки, како што правеше Талат Џафери во Собрание“, рече Лазаров.

Лазаров сведочеше и дека тој бил единствениот кој контактирал со раководството на партијата, негирајќи дека и обвинетата Даниела Рангелова добивала насоки, како што се наведува во обвинението.

Во овој случај се обвинети повеќе лица, меѓу кои избеганиот експремиер Никола Груевски, ексминистерот Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ ЗА ВРЕМЕТО – Метеоролозите објавија четиридневна прогноза за времето

ДЕСК