10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мајка и ќерка од Турција со фалсификувани израелски пасоши се обиделе да поминат на Долно Блаце

Скопското обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против мајка и ќерка, на возраст од 45 и 19 години, кои се товарат за кривично дело фалсификување исправа.

Двете се државјанки на Република Турција и на 22 јануари, на граничниот премин Долно Блаце, при влез на државната граница од Косово употребиле лажни јавни исправи.

Притоа, како што информираат од Обвинителството, мајката е обвинета дека употребила лажни израелски пасоши и лични карти за себе и за двата малолетни сина кои патувале со нив, додека полнолетната ќерка е обвинета дека исто така за себе прикажала лажен израелски пасош и лична карта.

Употребените лажни документи се разликуваат од оригиналните израелски документи по квалитетот на хартијата, застапените техники на печатење на образецот, заштитните знаци, сјајот и интензитетот на застапените бои./Makfax

Можеби ќе ве интересира

„EXIT“ во Скопје? Што кажа Орце – а што кажува самиот фестивал

C +

Шукова: Ќе го завршам проектот за прочистителна станица во Трубарево време е за зелено Скопје и здрава средина

C +

Филипче во Франција лобира за Македонија: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

C +