Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Предизвикан пожар со експлозивна направа во домот на јавен обвинител во Кичево

Вчера околу 19 часот бил предизвикан пожар со експлозивна направа во помошна просторија од семејна куќа на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево.

Експлозијата оштетила патничко моторно возило „сеат леон“ кое било паркирано во просторијата и е во сопственост на јавниот обвинител, соопштија од Обвинителството.

Пред повеќе од еден месец гумите на истото возило беа со нож исечени од непознато лице.

Основното јавно обвинителство Кичево со екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото на настанот. Издадени се наредби за подигање примероци од експлозивната материја која е предадена на вештачење.

Обвинителството врши проверка и на видеозаписите од камери поставени на околните објекти. Се преземаат дејствија во континуитет за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот./Makfax

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА КРАЖБИ НА ВЕЛОСИПЕДИ – Полициска акција во скопски Карпош

ДЕСК

НЕДОРАЗБИРАЊЕ ПРЕРАСНАЛО ВО ТЕПАЧКА – Инцидент во скопска Кисела Вода

ДЕСК