„Медена земја“ ќе биде наградена со три милиони денари, одлучи Владата на вчерашната седница. Ваквата информација ја соопштија и техничкиoт премиер Оливер Спасовски и министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејбук- профил.
„Нашите Медени вчера го освоија најважниот ‘Оскар’ – за човечност, едноставност, свесност за животната средина и големо срце. Ги освоивте нашите срца и срцата на милиони луѓе низ целиот свет и со еден симболичен гест сакаме да се заблагодариме – затоа вечерва донесовме одлука на владината седница за парична награда од 3 милиони денари за екипата Медени. Бидејќи го додадовте епитетот ‘Медена‘ на нашата земја. Бидејќи нè направивте тооолку горди!“, напиша Ангеловска на „Фејбук“.
https://www.facebook.com/nina.angelovskaa/posts/193534242023779
Документарниот филм „Медена земја“ не доби оскар, но беше номиниран во две категории – за најдобар документарен филм и за филм од неанглиско потекло.