Изјава за медиуми, Коста Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ – интегрален текст:
Сите факти во врска со скандалот со медицинскиот отпад покажуваат дирекнта поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ и криминалот на Никола Груевски, кој до денеска го брани Христијан Мицкоски.
Режимската ВМРО-ДПМНЕ не само што го загрозувала здравјето на граѓаните и животната средина, туку преку нејзини кадри ја опструира истрагата за овој голем скандал.
Обвинителката во предметот, која два месеца се немаше изјаснето за истражната постапка, е кадар на ВМРО ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска во објавените бомби.
Зошто обвинителката два месеца го криеше предметот од јавноста?
Зошто два месеца не е повикан сопственикот на Еко клуб?
Горан Ангелов, кој долги години беше директор на Дрисла и го примал несоодветно третрираниот отпад е исто така кадар на ВМРО-ДПМНЕ и кандаидат за претседател на партијата.
Јасна е поврзаноста на Сашо Јанакиевски со режимското владеење на Никола Груевски.
Каква е поврзаноста на Јанакиевски со Ангелов и колку отпад пренеле во Дрисла ќе мора да утврди обвинителката избрана од нивната партија.
Се покажува дека за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ поважно е да се заташка случајот, откако се потврди дека со години ги труеле граѓаните.
Почитувани,
После 9 години, Дрисла е преземена и овие скандали на ВМРО-ДПМНЕ се откриени.
Одговороност за овој огромен скандал директно поврзан со ВМРО-ДПМНЕ мора да има.
Или јавната обвинителка ќе прекине да ги штити луѓето на ВМРО-ДПМНЕ или Советот на јавни обвинители ќе мора да ја разреши.