24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Боки 13 до Рускоска: „Уште ме гледаш и се смееш, поради тебе добив карцином, Господ ќе ти врати“

Пред самиот старт на денешното рочиште за судењето за „Рекет“, првообвинетиот Боки 13 се скара со обвинителката Вилма Рускоска во судница. Боки 13 со висок тон и рече дека поради неа тој добил карцином.

„Корумпирана обвинителке, Затоа што имам малигнитет вие со сила вршите тортура врз мене“- рече Јовановски.

По вршење гастроскопија, утврден е малигнитет, рече Бојан Јовановски.

Според извештајот кој Јовановски го читаше во судница, веднаш требало да биде испратен во болница и да се отстрани целиот орган.

Во еден момент Боки 13 викна: „Што се смееш на малигнозна состојба? Господ нека ти врати! Вршиш тортура врз мене и тоа сите го гледаат!“, по што судската и затворската полиција го извадија од судење. Кратко го изнесоа, па го вратија назад, кога влезе судијката Николовска-Масевска со членовите на советот.