На вечерашната програмска трибина на СДСМ „Агенда 20 – 24 – Отворена Власт”, потпретседателот на СДСМ, Коста Петров најави мерки за поголема транспарентност.
„Се обвруваме до крајот на 2024 да ги ослободиме сите јавни простори пред институциите, да ги симнеме сите огради. Можеби ова не значи многу за некого, но тоа симболизира отворени институции за граѓаните.
Една алатка којашто ќе ја воведиме се вика „Прашај што сакаш” преку која граѓаните до Владата ќе можат да постават прашање, а во рок од 3 дена ќе треба да добијат одговор. Се надеваме дека оваа алатка ќе ја користат и сите други институции. Ова ќе биде надоврзување на целата дигитализација што се случува во институциите. “Само Прашај” е надоградба на сите други услуги”, рече Костов.
Петров се осврна и на нивото на дебата за што оцени дека е ниска и на социјалните мрежи, за што предложи воведување на дебатата како изборен предмет во средното образование.
„11 Години немаше дебати. Нема култура на конструктивна дебата. Дебата се води на ниско ниво со навреди и токму затоа сметаме дека дебатата, културата на дебата треба да биде воведена во средните училишта”, рече Петров
Тој во своето обраќање ја потенцираше и важноста на Пленумите најавувајќи дека за пленумите ќе се учи во учебниците по граѓанско образование.
Петров констатираше и дека лажните вести се навистина проблем, напоменувајќи дека тоа е глобален проблем, но дека нашата земја е брендирана како колевка на лажните вести.
„Можеби од една страна ова е поразувачки, но од друга страна ние сме земја којашто може да креира начини против лажните вести. Едукацијата е многу важна. Со медиумите мораме заеднички да работиме на ова. Медиумите мора да пласираат вистински вести. Сите заеднички да работиме”, рече Петров.