Денес попладне почнувајќи од север облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни.
Ќе дува силен северен ветер што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата, па во втората половина од ноќта врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.
Утре времето ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег.
Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 см.
Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и на места ќе се формира помала снежна покривка. Поради силниот ветер (над 70 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси.