„Се надевам на секој еден пратеник во Собранието затоа што одговорноста за иднината на државата, за иднината на граѓаните во оваа држава лежи подеднакво кон сите и нема значење тука дали некој пратеник е на парламентарното мнозинство или на опозицијата или припаѓа на една или друга политичка партија или е независен пратеник. Затоа реков дека тој минимум консензус кој треба да го постигнеме е национален затоа што сакаме да ги постигнеме тие наши национални интереси, витални, на кои што е поставена државата од независноста до денеска, а тоа е членството во НАТО и во ЕУ..“, рече Спасовски вчерва на гостувањето на Топ Тема на ТВ Телма.
„За нас е многу важно, не само поради европските перспективи на државата, за нас е важно носење на Законот за ЈО за навистина да имаме консолидација на тој систем, којшто мора да признаеме дека, во најголема мера, е разорен од изминатите години. Токму затоа, сметам дека гледајќи низ призмата на сопствениот интерес, како држава и како граѓанин, треба да бидеме многу заинтересирани да ги донесеме и овие законски решенија“,рече меѓу друго премиерот Спасовски на вечерашното гостување на Телма.