25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Карпош распиша оглас за субвенции на велосипеди и електрични тротинети

Сите полнолетни граѓани на Карпош, кои ќе купат нов велосипед или е-тротинет започнувајќи од денеска (3 февруари) може да аплицираат на Јавниот оглас за одобрување субвенции кој го распиша оваа скопска општина.

Во рамки на акцијата, субвенционирањето за велосипед ќе биде најмногу до 30% (но не повеќе од 3.000 денари), исто како и субвенциите за електричен тротинет (но не повеќе од 5.000 денари).

Секој граѓанин потребно е да достави фотокопија од лична карта, трансакциска сметка (фотокопија), како и фискална сметка за купен велосипед или електричен тротинет не постара трети февруари.

Жителите на Карпош кои веќе оствариле право на субвенција на огласот на Град Скопје, немаат право да аплицираат на општинскиот оглас.

Акцијата ќе се спроведе по принципот „прв дојден, прв услужен“, а исплатата на средства ќе биде по завршување на изборниот процес.

Трета година по ред Општина Карпош ја спроведува акцијата за субвенционирање на велосипеди, а од оваа година, за прв пат се стимулира и купувањето на електрични тротинети.