24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев на ФБ: Законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата

-Законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата, објави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на Фејсбук.

„Носењето на Законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата. Секое попречување на овој процес значи бегање од правдата и оддалечување од Европската Унија. Да покажеме вистински демократски капацитет за градење на силни и независни институции, кои ќе се борат против криминалот и корупцијата.“ – пишува Заев.