25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Последната офанзива за спасување на криминалците

Поразот на антиевропската политика во Македонија е историска неминовност. Победата на криминалните партиски структури ќе биде тежок инцидент на историјата, пишува во својата колумна Ерол Ризаов.

„Она што ни се случува сега е последната офанзива за спасување на криминалците, на злосторничките здруженија од врвот на политиката и центрите на моќ. Во битките за освојување на власта, јатаците на криминалците, удобно сместени во партиите, ја гледат големата шанса да се спасат сите осудени, обвинети и осомничени политичари, нивни помагачи и соучесници против кои се водат морски долги судски постапки, или се под истрага, но и тие кои допрва треба да седнат на обвинителна клупа, или да поднесат отчет и сметки од каде и како им е стекнато баснословното богатство и кнежевските имоти, компании, банки, фабрики, болници, коцкарници, рудници, чифлици и латифундии.

Нивната евентуална победа ќе означи и најголем пораз на Македонија и на нејзините граѓани и тоа по сопствена вина. Дали е можно Македонија да биде поразена од криминалци и да ја изгуби својата европска иднина, а во тој случај многу изгледно да ја изгуби и државата? Да, тоа е реална опасност, кај голем број граѓани да превладее разочарување, недоверба и лутина од една страна за отстапките и компромисите што ги направи Македонија, а сѐ уште не ги доби ветувањата на Брисел, а од друга страна, под наездата на ужасен примитивен популизам, лаги и шпекулации со штедро финансирани и корумпирани домашни и меѓународни медиумски лешинари, луѓето да не можат да ја препознаат вистинската страна која води кон спасување на државата и кон членство во НАТО и во ЕУ.“ – пишува Ризаов.

Целата колумна прочитајте ја ТУКА.