24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Петров од трибината Агенда 20-24 : Потребно e сите заеднички да го создадеме македонскиот “green deal”

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров на програмската трибина на СДСМ во Тетово на којашто се дебатираше за мерки за намалување на загадувањето на воздухот, потенцираше дека мораме сите заеднички да работиме на долгорочно решение. Загадувачите мора да се казнат, заклучи Петров и додаде дека ерата на неказнивост завршува.

“Буџетот на МЖСПП мора да се зголеми.Со ова процесот на трансформација на јавните објекти и домаќинствата на незагадувачко греење ќе биде побрз.Повеќе инспектори на терен за да се спречува палења на стрништа, горење кабли за бакар, недозволено фрлање отпад, рече Петров подвлекувајќи ги поентите на учесниците.

Меѓу нив како предлог мерка е и воведување на постојана 24 часовна контрола на загадувачите и сите мали и средни капацитети од страна на државниот инспекторат за животна средина и локалните инспекторати, во соработка со граѓанскиот сектор преку воспоставување на граѓански зелени еко патроли како и вонредни контроли на сите издадени интегрирани еколошки дозволи и лиценци во животната средина, со особен акцент на загадувањето на воздухот и управувањето со отпад рече Петров и додаде дека се потребни поголеми инвестиции во животната средина за да им помогнеме на граѓаните да ги реновираат своите домови со што би трошеле помалку енергија, за да ја поддржиме индустријата да биде лидер во зелената економија, да имаме поефтини и поздрави форми на јавен превоз и алтернативен транспорт, да произведуваме енергија која нема да влијае на климатските промени.

Петров најави дека целта е до крајот на 2025 година минимум 60% од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден на територијата на Македонија да се преработи или да се употреби за добивање енергија, а до крајот на 2025 година минимум 55%, а максимум 80% од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден и собран на територијата на Македонија да се рециклира.

Прашањето со загадувањето е според мене една од најважните теми за што е потребно да се седне на заедничка маса за изнаоѓање на решение” заклучи потпретседателот Коста Петров.