24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Се грижиме за граѓаните, најранливите категории се изземаат од присилно извршување

-СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерките и политиките кои обезбедуваат подобар животен стандард за сите граѓани. Во таа насока се и измените во Законот за извршување усовоени од Собранието со кои покрај што се намалува делот за извршување, целосно се иззема извршувањето на најранливите категории на граѓани, соопшти денеска СДСМ.

„Целосно се изземаат од извршување примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита,примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на возрасните лица.

Ова значи крај на присилното извршување за социјално загрозените граѓани, градиме фер и праведно општество.

Согласно измените на Законот за извршување, наместо досегашниот износ за извршување на 1/3 од примањата, сега тој се намалува на 1/5 од просечната плата или пензија .

Примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните.

Се грижиме за сите граѓани. На прав пат сме!“- се вели во соопштението.