Измамници хараат преку интернет низ Македонија.
Порталот Локално.мк јавува дека последна измама во која е користен лажен профил на фејсбук на познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов се случувала пред Нова година.
„На лоши маки сум. Собираме донации за едно момче“.
Ова било дел од пораките на лажниот профил на фејсбук.
Како си царе, бил воведот во измамата, а потоа измамниците барале пари.
– Утре треба да замине на контрола, да кажат докторите за што точно се работи- потребни му се 200 евра за контрола“, пишал лажниот Џамбазов на 22 декември 2019.
Сепак до средба за исплата не дошло.
Ваков тип на конверзации со барање за донации биле праќани и кај други луѓе, пишува Локално.
фото принскрин/Локално.мк