АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50м. има на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар и Тетово – Јажинце, од 50 – 100м. на патниот правец Велес – Катланово, од 10 – 15м. на патниот правец Тетово – с. Гајре, до 50м. на патниот правец Св. Николе – Куманово, од 100 – 150м. на патните правци Битола – Прилеп, М. Брод – Кичево, Дебар – Струга и Ресен – Охрид.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.