24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата слава така што покрај модната линија, таа лансираше пиво што го носи неговото име.

Алехандрина Гузман Салазар ја лансираше модната колекција „Ел Чапо 701“ минатиот јули, алудирајќи на местото што Форбс му го додели во листата на најбогати луѓе во светот, а деновиве на Меѓународниот саем за мода во Гвадалахара го претстави новиот бренд за пиво „Ел Чапо мексикан лагер“.

Според портпаролката на „Ел Чапо 701“, Адријана Уријарте, пивото ќе биде во продажба откако ќе се обезбеди дозвола од мексиканскиот Институт за интелектуална сопственост и ќе чини четири долари.

Пивото се произведува во пиварница во Мексико Сити, содржи 4 проценти алкохол и е направено од слад, ориз и мед, пренесува „Дејли мејл“./Makfax