Бракот можеби е добар за здравјето, но не и за линијата, бидејќи паровите се дебелеат веднаш штом ќе стапат во брак, велат научниците.
Сепак, поздраво се хранат, повеќе бираат органски намирници.
Паровите во брак биле подебели отколку кога биле сингл, повеќе јадат и помалку спортуваат.
Иако многу студии покажуваат дека бракот е добар за здравјето, не е добар за линијата, открија швајцарските научници од Универзитетот во Базел.