Еврокомесарот за соседска политика и за проширување Оливер Вархели денеска и утре ќе престојува во прва официјална посета на земјава.
Како што соопшти Делегацијата на Европската комисија во Скопје, Вархели ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
Еврокомесарот Вархели, пред посетата изјави дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат на пролет. Според него, ЕУ треба да ја исправи грешката од октомври кога не добивме датум за почеток на преговорите со ЕУ./Makfax