24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Локвенец: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ подготвуваат терен за непризнавање на изборниот резултат

-СДСМ преку конкретни мерки и политики испорачува резултати што носат придобивки за сите граѓани, додека ВМРО-ДПМНЕ преку злоупотреби на техничките функции и ширење лажни вести го бранат криминалот на режимот. Прочитани се намерите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Со злоупотреби на техничките функции и однесување надвор од мандатите што им се законски пропишани, ВМРО-ДПМНЕ сака да ги оневозможи граѓаните да ги остваруваат своите уставно загарантирани права за време на техничката влада, чија основна функција е организирање на слободни, фер и демократски избори. На тој начин Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ подготвуваат терен за непризнавање на изборниот резултат, соочени со релноста дека ќе ги загубат изборите. Прочитани се и затоа се во голема паника. Нивното сценарио им е провидно, предлагаат осомничени и кадри со обвиненија, шират лажни вести и измислуваат непостоечки случаи. Не нудат ништо освен обнова на режимот, одбрана на крминалот. Но ние како СДСМ, заедно со граѓаните тоа нема да го дозволиме, изјави на денешната прес конференција, Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.

-Денес, институциите се во сигурни раце, фер и демократски избори ќе има, слободната волјата на граѓаните нема да дозволиме да ја загрози режимската ВМРО-ДПМНЕ. А иднината на државата и граѓаните е обезбедена во големите светски сојузи НАТО и ЕУ. Груевистичкото ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски е изолирано и спречено да прави криминал од страна на професионалните институции. Во нашата разумна и нормална земја, членка на НАТО, груевстичкото ВМРО-ДПМНЕ нема да има никакви шанси на изборите во април. На 12 април, на слободни и фер избори, граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пат. Ќе порачаат дека државата е во сигурни раце и нема дозволат враќање на режимот. Режим никогаш повеќе! – изјави Локвенец.