24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Предложен закон: Забрана за мобилни телефони за лица помлади од 21 година

Во американската сојузна држава Вермонт би можело да се случи младите кои пораснале онлајн со паметни телефони, наскоро да не смеат да користат и поседуваат смартфони.

Имено, во таа држава предложен е закон со кој на помладите од 21 година ќе им се забрани поседување и користење мобилни телефони, а причините кои сенаторот Џон Роџерс ги навел во предлог Законот се прилично неверојатни.

Според него, лицата помлади од 21 година не се доволно зрели да поседуваат и користат мобилни телефони. Како примери за таа незрелост ги наведува злоставувањето меѓу младите преку смартфони, како и се поголемиот број сообраќајни несреќи за кои виновни се млади возачи кои, наместо на патот, своето внимание го посветиле на екраните.

Сепак, јасно е дека речиси никој нема да гласа за овој закон, па дури ни самиот Роџерс.

Имено, тој како голем заговорник за поседување оружје, сака да покаже дека Вториот амандман не се применува еднакво за сите во САД. Смета дека ако лицата помлади од 21 година користат телефони кои, смета тој, можат да бидат опасни, тогаш нема причини тие да не можат да користат и оружје.