12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Раката што дава, не се суши – секоја чест: Урбан бургер подели 2000 оброка за три дена на ранливи категории граѓани

После долго размислување решивме да постираме дел од нашата хуманост за донирање на храна на ранлива категорија семејства и поединци до сега поделени се скоро 2000 оброка за 3дена, соопштија од Урбан Бургер.

Наша цел е да опфатиме што повеќе деца и семејства низ цело Скопје а можеби и со ваша помош низ цела Република Македонија
Ветуваме не застануваме тука, велат од локалот.

– Секако и нашиот локал Урбан Бургер Бар е отворен секој ден од 09-до14часот за добивање оброк на посочените лица
За наредна акција донирање ке ве известам пак. Големо фала за сите убави зборови и пофалби од сите вас, порачаа од Урбан бургер.

Како започна се’?

Локалот Урбан Бургер својата хуманитарна акција ја започнаа на 6-ти јануари,во предвечиерето на големиот празник Божик.
– Ни дојде еден од најголемите Христијански празници Божиќ. Да го направиме овој Божиќ посебен за оние што немаат со кого да седнат на трпеза. За тоа во Четврток од 09до14Часот за сите бездомни лица,лица од ранливи категории ,социјално загрозени семејства,деца од дом без родители ке следи по еден бесплатен оброк во нашиот локал. Доколку сте спремни да помогнете донесете ги кај нас на ул.Рузвелтова локал Урбан Бургер Бар. Се гледаме на едно посебно место со многу насмеани лица, соопштија од Урбан бургер, кои поставија и табла со оваа најава:

Целата акција беше поддржана од граѓаните на социјалните мрежи. Раката која што дава, не се суши. Секоја чест на големите луѓе од Урбан Бургер.

Спонзорирано: