25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче: Во фикцијата на опозицијата така наречена „случај Рекет 3” – нема случај

Партијата која носи предзнак на најголем криминал продолжува со старата практика – со создадени случаи да ги манипулира граѓаните, се вели во реакцијата на министерот за здравство, Венко Филипче, на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека тој е вмешан во случај кој партијата го нарекува „Рекет 3“.

„Во текот на вчерашниот ден Министерството за здравство по институционален пат ги отфрли сите обвинувања во врска со паушално објавените наводи поврзани со реализацијата на проектот за изградба на клиничката болнца КБ Штип – се по фактографска ретроспектива. Но, за фактите да бидат појасни вВо моментот кога стапив на функцијата министер за здравство, пред само две години, затекнав целосно застанат проект за изградба на болницата во Штип, затекнавме непотполн проект на кој што недостасува една цела фаза на електрика во машинството. Во таа смисла, сакам да потенцирам дека дополнителните 7 милиони евра со кои опозицијата денеска по којзнае кој пат проба да создаде медиумски процес, и кои се предвидени за изградба на КБ Штип не се за зголемени трошоци, туку се неопходни заради имплементација на фаза на електрика во проектот за машинство. ВМРО-ДПМНЕ пушти во реализација проект без една од суштинските фази на секој објект, без кој што болницата не би можела да функционира! Користејќи ја нивната неспособност и пропусти сега сакаат да ја доведат целата јавност во заблуда“, вели Филипче.

Тој додава дека во таква затекната ситуација на објект кој е од јавен интерес за сите граѓани, продолжување со работите и завршување на објектот како функционална болница била единствена опција.

Филипче потенцира дека во ниту една јавна набавка, Министерството за Здравство нема никаков формалноправен однос со фирмите подизведувачи (во овој случај тоа е фирмата “Бетон” Штип). Следствено на тоа, додава тој, Министерството нема примено банкарска гаранција од подизведувачот Бетон Штип, туку банкарската гаранција е на име на фирмата изведувач на овој објект “Интракат”.

„Од моментот на потпишување на договорот па се до денешен ден, постои валидна и активна банкарска гаранција која е на име на изведувачот “Интракат”. Ова е ноторна лага која ја пласира ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во писмената реакција.

Во неа Филипче појаснува дека долготрајните и строги процедури на кои што подлежи постапката за обезбедување на кредит од развојната Банка на Советот на Европа не дозволуваат отстапки во делот на Изведувачот – промена на Изведувачот и промена на банкарска гаранција за квалитетно извршување на работите. Фирмата изведувач на КБ Штип е фирмата “Интракат“, истакнува министерот, и истата од моментот на потпишување на договорот има депонирана валидна банкарска гаранција.