Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев за Божикните празници: Низ сплотеност и хармонија, одговорно и совесно, да продолжиме пофокусирано

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, во чест на големите христијански празници Бадник и Рождеството Христово Божик, упати честитка до г.г. Стефан, архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, до претставниците на Синодот на МПЦ – ОА и до сите луѓе во нашата држава, кои ги чествуваат овие празнични денови, во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, и во негово име.

„Раѓањето Христово, што со векови симболично го одбележуваме секоја нова година, е силна порака дека секој од нас лично, како верник, како човек, како дел од општестeството, ја има можноста да го послуша гласот на совеста, да се надрасне себеси и уште поопределено и понасочено да дејствува кон доброто, за себе, за децата и родителите, за семејството, но и за доброто на заедницата и на државата во коишто живее, работи, твори, учи, дејствува.

Христовото раѓање потсетува на одговорноста пред којашто е исправен секој совесен човек, да стои искрено и храбро на страната на вистината и правдата, да ги негува и практикува вредностите на солидарност, на подадена рака едни кон други, на меѓусебна почит, разбирање, мудрост, трпение, љубов.

Затоа, овие празнични денови, меѓу најблиските и саканите, секој нека го почувствува огнот на светлината и топлината, што водат кон мир и радост.

Низ сплотеност и хармонија, како што упатуваат христијанските вредности, кои се и универзални вредности, да продолжиме уште пофокусирано по патот по којшто придонесуваме кон достоинствено општество на спокојни и среќни луѓе.

Христос се роди! Среќни празнични денови на сите“, стои во честитката од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан.

Можеби ќе ве интересира

Гласањето од вториот круг на „Локални избори 2025“ се одвива мирно

ДЕСК

Два инциденти во Чаир каде настрадаа малолетници

ДЕСК

МВР со детали за смртта на осуденикот од “27-ми април” Му се влошила состојбата, па бил пренесен во клиника каде и починал

ДЕСК