Новиот премиер очекувам да има полна сила, а мојата преокупцијата ќе биде создавање на нова програма за претстојните парламентарни избори, изјави лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев во новогодишно интервју за ТВ 24.
„Нормално јас сум претседател на СДСМ и тоа е Влада предводена од СДСМ. Јас ги пренесов очекувањата до сите институции на државно ниво, но и во централниот одбор на партијата дека очекувам да има полна сила новиот премиер, заради тоа што треба да ја води мојата земја преку извршната власт и да ги максимизира ефектите“, изајви Заев.
Нормално, посочи Заев, тука сум да помогнам и мојата преокупцијата ќе биде создавање на нова програма.
„На програмата веќе се работи под координација на Радмила. Имаме создадено многу убав документ и сакаме сега да го издискутираме со граѓаните и на крајот да го заокружиме како наше ветување, даден збор за граѓаните за следните четири години. Треба да направиме добра селекција на кандидати за пратеници, да организираме добри штабови и сето тоа да функционира и да ја зајакнеме партијата“, изјави Заев.
Нагласи дека новиот предизвик на СДСМ е 50-50 застапеност на жените на своите листи.
„Верувам дека тоа е еден нов квалитет и дека тоа ќе биде причина многу разочарани да излезат да гласаат и да го поддржат тоа“, изјави Заев.
Новогодишното интервју е снимено во домот на Заеви во Струмица, каде Зоран Заев зборува за поделбата на семејните обврски и децата и извршувањето на политичка функција.