23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Трагедија пред Нова година во Скопје: Жена почина во заглавен лифт, додека итната помош се обидувала да ја однесе во болница

Трагедија на само два дена пред Новата година во Скопје.

Според информациите на полицијата жена на 67 годишна возраст починала во заглавен лифт, додека итната помош ја носела во болница.

Полицијата информира дека за време на интервенција на брзата помош на улица “Ниола Парапунов” во Скопје, починала 68 годишната Л.Т.

Сето ова се случувало кога итната помош се обидувала да ја пренесе жената преку лифт кој се заглавил и пропаднал во подрумскиот дел од зградата.

Трагичната информација синоќа во 00 часот и 23 минути била пријавена во СВР Скопје од лекар во Итната помош.

МВР изврши увид, а по наредба на Јавен обвинител врз телото ќе биде извршена обдукција, информираа македонските власти.