23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНАИЗБОР

Уживање за целото семејство: Еве како да направите неодоливи новогодишни колачиња

Вкусните, слатки колачиња во западната култура се симбол на новогодишните и божиќни празници.

Состојки:

  • 200 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1/4 лажичка сол
  • 170 гр путер
  • 180 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • ѓумбир (по желба)
  • цимет (по желба)

Состојки за глазура:

  • 250 гр шеќер во прав
  • 3 супени лажици млеко
  • 1 лажичка арома ванила
  • малку боја за колачиња

Начин на подготовка:

Измешајте брашно, прашок за пециво и сол.

Во друг сад ставете путер, јајца и ванилин шеќер. Мешајте додека не добиете кремаста смеса.

Соединете ги содржините од двете чинии и добро замесете.

Оставете го тестото да отстои два часа

Побрашнете ја работната површина. Развлечете тесто и сечете го со калапи во облик на човечиња. Подредете ги колачињата во намастен плех.

Загрејте ја рерната на 200 степени и печете 8-10 минути или додека колачињата не добијат златна-браун боја.

За глазурата, измешајте шеќер и останатите состојки, додавајќи ги една по една. Украсете ги колачињата и уживајте во нивниот вкус…