Во тешката сообраќајка која што се случи вечерва околу 19 часот, според првите неофицијални информации загина едно полициско униформирано лице, додека друго е тешко повредено.
Полицајците кои настрадаа во несреќата го обезбедувале местото, поради претходно случена сообраќајка помеѓу два автомобили, при што во еден момент во нив удрил автомобил.
За трагедијата е уапсен 31-годишник од селото Грашница, Кичевско, кој го управувал автомобилот кој влета во полицајците и ја предизвика трагедијата.
Повеќе официјални детали се очекуваат за утре.