2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
АВТО ЦЕНТАРБИЗНИС

Владата донесе одлука за поевтин данок за набавка на хибридни и електрични возила

На вечерашната седница, Владата на Северна Македонија ја донесе Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила врз основа на критериумите утврдени во Законот за данок на моторни возила.

Со оваа уредба, како и со критериумите утврдени во Законот за данок на моторни возила се очекуваат големи придобивки за целото општество преку намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, преку обнова на возниот парк со поттикнување на купување на поеколошки возила како резултат на намалување на данок на возила со голема економичност на гориво, како и набавка на хибридни и електрични возила со ниска или “0“ емисија на јаглерод диоксид – CO 2.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски: Финализираме договор со САД што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери

C +

Мицкоски: Им благодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 проценти, оптимист сум дека ќе одиме уште подолу

C +

Сериозно голема акција на УЈП: Третина од контролираните субјекти со неправилности, затворени пет дуќани

ДЕСК