На 28.11.2026 во 09:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода 69-годишен жител на Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 44-годишен син, при што употребил дрвени предмети.
Предметите биле пронајдени и одземени, а по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека 69-годишникот бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,46 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.


