Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ФАЛСИФИКУВАНА ПОЛИСА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА КАМИОН – Турски возач приведен на Стар Дојран

На 28.11.2026 околу 13:00 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници лишија од слобода 43-годишен жител на Турција. При гранична контрола и проверка на товарното возило „рено“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека полисата за осигурување е фалсификувана.

Тој е задржан во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ЈА МАЛТРЕТИРАЛ ПСИХИЧКИ И ЈА НАПАДНАЛ ФИЗИЧКИ – Кривична пријава против тетовец

ДЕСК

Апсења на сомнителни лица на скопскиот аеродром – МВР објави детали

ДЕСК

ЗАКАНИ ПО СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА ВО ГОСТИВАР – Кривична пријава против 35-годишник

ДЕСК