Денеска, членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците се сретна со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кристоф Камп. Седницата ја водеше членот на Комитетот, пратеникот Беким Ќоку, кој ја претстави работата, членството и надлежностите на Комитетот.
На средбата се разговараше за улогата и значењето на Комитетот за односи меѓу заедниците како собраниско тело кое има важна улога во разгледувањето на прашањата поврзани со односите меѓу различните заедници во земјава.
Во разговорите беше ставен акцент на значењето на институционалниот дијалог, меѓусебното разбирање и соработката, како важни предуслови за унапредување на односите меѓу заедниците и зајакнување на општествената кохезија.
Комитетот, кој е формиран согласно Уставот и Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, претставува значаен механизам во рамките на Собранието за разгледување на прашањата од интерес за заедниците и поттикнување на дијалогот меѓу нивните претставници.
Присутните ја истакна важноста од континуирана комуникација, меѓусебна почит и заедничко дејствување во насока на градење доверба, почитување на различностите и негување на демократските вредности во општеството.
фото Собрание


