На 18.11.2026 во 23:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш лишија од слобода 43-годишник од Радовиш. Според пријавеното, тој околу 23:20 часот пред угостителски објект во Радовиш, држејќи остар предмет во рака, агресивно се однесувал кон вработените и посетителите во објектот.
Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена пријава.


