На 18.11.2026 во 20:30 часот во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш лишија од слобода 38-годишен жител од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга.
Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


