Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВАЖНО ЗА ВОЗАЧИТЕ – Затворен патот Охрид–Ресен преку Галичица, влажни коловози низ Македонија

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без поголеми нарушувања, но коловозите на одредени места се влажни, информира Автомото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

Поради сезонскиот режим, од 17 ноември е затворен патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк Галичица за сите видови возила. На патот Кичево–Охрид продолжуваат градежните активности, поради што на повеќе делници се користат девијации со поставена сообраќајна сигнализација.

АМСМ предупредува и на можност од одрони по делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево. Возачите треба да ја приспособат брзината и да ги почитуваат сообраќајните знаци, особено на патиштата низ клисури и планински подрачја.

Можеби ќе ве интересира

МАРИХУАНА ПРОНАЈДЕНА КАЈ 17-ГОДИШЕН МАЛОЛЕТНИК ВО КИЧЕВСКО – Поднесена кривична пријава

ДЕСК

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ПРЕМИЕР СО ПОРАКА ДО СОФИЈА И СКОПЈЕ – Историјата на историчарите, Македонија во ЕУ

ДЕСК

ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА ЗА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ОХРИД – Левица тврди дека бил претепан 15-годишник, бара одговори од Тошковски

ДЕСК