ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од кичевско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Полициските службеници од криминалистичката полиција извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана.


